6.8 C
Скопје
08:43 - 1 април, 2026

Свечено ЈАГНЕШКО ПЕЧЕЊЕ: Меко како душа, се топи во уста, еве ги марифетите!

Подгответе го јагнешкото за велигденската трпеза со лук и рузмарин.

Потребни состојки

– 2 кг до 2 ипол јагеншки бут (без коска),

– четвртина чаша сок од лимон,

– 8 ченчиња лук,

– 3 лажици свеж ситно насечкан рузмарин,

– 1 лажица сол и

– 2 лажички мелен бибер.

Подготовка

Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени.

Парчето месо измијте го, исушето го со кујнска салфета, па во него втријте го лимоновиот сок, рамномерно распоредете лук и рузмарин по целата површина на месото, потоа посолете, наросете бибер и ставете го во тава за печење.

Месото печете го во рерна 20 минути, а потоа намалете ја температурата на рерната на 160 степени и продолжете да го печете два до два ипол часа. Основно правило е месото да го печете по 30 минути за секои 450 грама.

По печењето извадете го месото од рерна, завиткајте го со фолија и оставете го да отстои 15 минути пред да го сечете за температурата да се изедначи и соковите да не истечат.

Среќни велигденски празници!

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....