11:56 - 5 декември, 2025

Софија Вергара на удар на синот на „кумата на кокаинот“: „Немаше добро да се забавувате, ако мајка ми беше жива“

Додека се чека почетокот на серијата „Гризелда“ на Нетфликс на 25 јануари, проговори Мајкл Корлеоне Бланко, синот на Гризелда Бланко, позната и како „кумата на кокаинот“.

Софија Вергара (51) ја игра Гризелда Бланко и ја отелотвори биографската улога на „кумата на кокаинот“ и првата криминална милијардерка, која била најактивна во седумдесеттите и осумдесеттите години во Мајами.

Вергара во улога на Гризелда, фото Нетфликс

Мајкл е разочаран што Вергара и нејзиниот тим ја одбиле неговата понуда да се консултираат за серијата.

Тој исто така тврди дека „немаше добро да се забавуваат ако неговата мајка беше се уште жива“.

Единствениот преживеан син на Гризелда го критикуваше тимот на серијата дека немаа почитување, бидејќи го менувале лицето на Софија со повеќечасовна шминка.

Софија претходно откри дека седела два часа на столчето за шминкање за да се трансформира во Гризелда, а Мајкл јасно стави до знаење дека е бесен поради тоа.

– Мајка ми беше убава жена и лудо е што многу луѓе велат: „Не, мора повеќе да личиш на наркоманка“… Тоа што ја нарекуваат „грда“ навистина ме навредува – изјави тој за „Дејли меил“.

Разочараниот син, Бланко, Инстаграм

Тој ја изрази својата фрустрација што луѓето секогаш ја формирале својата слика за изгледот на неговата мајка врз основа на нејзините полициски фотографии. Тој смета дека не е фер да се гледаат фотографиите на Гризелда откако таа поминала извесно време во затвор.

– Градоначалниците, гувернерите и политичарите во различни земји се обидоа да ѝ се додворат на мајка ми… Дури и овде во САД. Таа беше „крем де ла крем“ – тврди тој.

Мајкл се присети на фактот дека неговата мајка била славна личност во тоа време во картелот Меделин и истакна дека имала гламурозен и нежен изглед.

– Секогаш беше убава жена. Се разбира, затворот го старее човекот. Таа не беше светица, но ќе ви кажам нешто… Мајка ми беше ѕвезда и кралица – додаде тој.

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....