19:59 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Врнежи од снег, проверете во кои делови од Македонија

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Во попладневните часови, како и во текот на ноќта ќе има локални врнежи претежно од снег. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови, како и во текот на ноќта локално ќе има услови за провејување на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.
Според Попоски, утре и понатаму ќе има локални врнежи претежно од снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во јужните и во југозападните предели од државава. Од среда пак па натаму следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време. Што се однесува до температурите, тие особено наутро ќе бидат доста ниски и на некои места ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени. Пораст на максималните дневни температури се очекува од среда па натаму и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

(Фото) „Среќен Велигден“: Северина го прослави големиот празник со мајка си и синот Александар

Еспресо

„Носам паштета и кога летам со бизнис-класа“: Марија Шерифовиќ искрено за мајчинството и животната филозофија

К.С.

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо
Се вчитува....