11:02 - 31 март, 2026

НОВ РОМАН ОД ДУШКО ТРИФУНОВСКИ: „Девојката од автобусот“ ќе ве заплетка во приказните на човечките судбини

Шест трагачи неизмерно трагаат во универзумот за да го најдат мирот. Судбината како да не сака да го најдат. Трагаат, трагаат, трагаат…

Душко Трифуновски (1997, Скопје), дипломиран професор по македонски јазик и литература, почнал да пишува многу млад.  Во 2015 година го објавува својот прв роман „Слана“, за него добива награда за книга со трајни семејни вредности, а во 2016 година ја објавува драмската преработка на романот. Истата година го објавува електронски романот „За два дена рече „Да‘“ на е-библиотеката „Македоника“, за кој добива награда од УНЕСКО за најчитан роман на млад автор.

– Многу млад почнав да пишувам. Но тогаш текстовите остануваат скриени дома. Млад човек не се решава лесно да објави книга. На часовите по македонски јазик во трета година, добив голема поддршка и мотивација од професорката Соња Панева да ја објавам мојата прва книга – се сеќава Душко.

Поради еден изгубен паричник и два помешани билета, двајца млади луѓе не се свесни дека судбината однапред им е запишана – да се сретнат. Повторно!

– На самиот почеток го знаев само насловот на книгата. Така и почнав со пишување, од насловот. Ангела е вистински лик, девојка која до пред еден месец не знаеше дека е опишана во книга. Беше изненадување за неа кога ѝ кажав, но ѝ беше драго. Во книгата има шест главни ликови, секој со различна судбина и приказна, а сите поврзани меѓу себе. Девојката од автобустот решава да го промени животот по низа несреќни околности и ситуации. Традицијата и припадноста кон друга вера исто така зазема своја улога во сплетот на околностите. Промената се случува, во автобусот. Оваа книга е нешто помеѓу романса и мистерија – ни открива Душко.

Сите шест лика се трагачи по судбината. Но сите се тргнати по различна патека, која на едно место ги спојува.

Романот е пуштен во претпродажба и достапен е за нарачки на мејлот: [email protected].

 

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....