3.8 C
Скопје
22:54 - 11 март, 2026

НАТАША СТАМЕНОВА, КРЕАТИВКА: Со нашите гумени саксии за цвеќе ползата е двојна – дворовите се украсени, а околината е чиста!

Наташа Стаменова изработува интересни, необични саксии за цвеќе. Вели дека занаетот си дошол сам по себе, а конкретно саксии почнала да изработува заедно со нејзиниот сопруг пред една година.

– Тоа дојде сосема случајно кога на моите дечиња од училиште им побараа проект, поточно да направат некој украс од гуми.Тогаш, јас и мојот сопруг, решивме да им направиме на сите по еден украс кој ќе личи на гумена саксија. Првите изработки ни беа буба мара, филџан и лебед.Кога ги однесовме на училиште на сите им се допаднаа, па почнаа да прашуваат дали изработуваме за продавање и оттаму идејата да почнеме да изработуваме саксии од гуми – ја започнува Наташа својата креативна приказна.

Сигурно треба да си и љубителка на цвеќе за да дизајнираш украсни саксии за цвеќиња, ги следиш ли светски трендови на дизајн и што моментно ни диктираат?

– Да, љубителка сум на цвеќиња и ги сакам, ги одгледувам за своја душа. Инаку, немам многу време да следам модни дизајни и трендови. Зафатена сум со изработка на саксии, мајка сум на три деца – на секое треба да му обрнеш внимание.

Се надевам дека саксиите што ги изработуваме се доста декоративни и ги украсуваат дворовите, а предноста им е и во тоа што се заштитува природата, односно,придонесуваме за тоа да не се фрлаат гумите и да ја загадуваат околината. Така, ползата е двојна – дворовите украсени, околината чиста .

Во предпразничната сезона доминираат Снешко-белчовците, со какви материјали ги декорираш?

– Снешковците ги декорирам со гуми од мотор, мрсна боја за железо и за лижавчето – материјал од бушави жички во боја, кои се виткаат. Ги фарбам, им цртам очи, шалче и, Снешкото станува интересен и декоративен.

Кои материјали најчесто ги употребуваш за изработка на саксиите и колку трае изработката на една гумена саксија, воопшто, без разлика на моделот?

– Од материјали користиме гуми од автомобил, од мотор, штрафови и мрсна боја за железо. Една изработка трае еден до два дена, некогаш може и до три дена, зависи што изработуваме и како бојата се суши. Бидејќи сите саксии ги изработувам рачно ги фарбам со четки за фарбање.

Изработуваш и други декоративни елементи како, на пример, гумени куќички за миленичиња. Се покажаа ли практични, топли?

– Да, изработуваме и куќички, интересни се, декоративни, а на миленичињата им се топли домови затоа што од секаде се затворени. Внатре, преку отворот, може да се стави и перниче да им биде помеко на миленичињата и за лежење. Се надевам дека се практични бидејќи се лесни за одржување и може слободно да се измијат со вода.

Кој ти е следен предизвик во изработка на функционални предмети од гума?

– Сè уште не сме размислувале, но во иднина би можеле да изработиме масички со одозгора стакло, столчиња, може да се изработи клацкалка за деца и уште многу други интересни работи.

Инаку, Наташа е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....