14:46 - 15 мај, 2026

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ направија свадба, пред неколку дена кажаа дека очекуваат принова

Марија Ивановска и Бојан Трајковски од музичкото дуо „Ај кју“ вчера направија свадбена веселба, само неколку дена откако јавно објавија дека го очекуваат своето прво дете.

Парот, кој со години е во љубовна врска, неодамна преку забавно видео на социјалните мрежи сподели дека наскоро ќе стане родители, а сега својата љубов ја официјализираа и со брак.

Марија на Инстаграм објави фотографии и видеа од свадбената прослава, на кои може да се види атмосферата од веселбата со нивните најблиски.

Пејачката за големиот ден избра елегантна венчаница од чипка и сатен, која нежно го истакнуваше трудничкото стомаче, додека стајлингот го надополни со бидермаер од кали.

Бојан се појави во светло, неутрално одело, а младенците не ја криеја среќата додека го играа првиот танц, ја сечеа свадбената торта и славеа со гостите.

Слични објави

Кој чека ќе дочека: Тамара и Тијана открија интересна новост

msp-admin

Во тајност започна снимањето на новата серија „Марина и Фута“

Е.А.

(Фото) Голема прослава во семејството Ражнатовиќ – Богдана и Вељко го прославија роденденот на синот Исаија

Е.А.

„Мислев дека ќе умрам“ – Марија Шерифовиќ искрено за најстрашните три минути пред победата на Евровизија

Е.А.

Нова „жешка“ фотосесија на Елена Велевска

Е.А.

Хороскоп за 15 мај: Близнаците ги очекуваат повисоки приходи, Ваг ќе му дадат шанса на партнерот

Еспресо
Се вчитува....