23.8 C
Скопје
15:36 - 3 октомври, 2026

(Видео) Беше тешко за сите: Емина Јаховиќ во Скопје се отвори за разводот со Мустафа Сандал

​Популарната регионална музичка ѕвезда Емина Јаховиќ отворено зборуваше за тешкиот период по разводот со колегата од Турција, Мустафа Сандал.

Во своето последно интервју за „Црно бело“ , пред концертот во Скопје, таа отворено зборуваше за тоа како навистина изгледа нејзиниот живот во Турција.
​„Мојот живот во Истанбул е еден нормален живот. Мислам, во однос на можеби некои… како да кажам, како што луѓето тоа го замислуваат, тоа не е така. Јас сум мајка на две момчиња, имам два сина, се грижам за нив. Имам свои пријатели, понекогаш се гледам со нив, одам во теретана… Многу еден обичен, нормален живот, и не се разликува многу од сите останати“, вели Јаховиќ за „Црно бело“.

​Пејачката се осврна и на тоа како нејзините синови се справуваат со фактот дека имаат познати родители, особено по периодот на нејзиниот развод со турскиот кантавтор Мустафа Сандал. Таа не крие дека поминале низ тешки моменти, но со гордост истакнува дека децата веќе се зрели и одлично ја разбираат природата на нејзината професија.

​„Моите деца веќе се навикнаа на ова. Имаше моменти кога навистина беше тешко и за сите нас, особено во моментите по мојот развод. Но, децата поминаа низ тоа и, фала му на Бога, пораснаа, па сега разбираат што значи да се биде јавна личност и што е вистина, а што не. Повеќе нема потреба да им се објаснувам“, искрена е Емина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CRNOBELO.com (@crnobelocom)


​

Слични објави

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.

Животот на Тереза Кесовија бил исполнет со трагедии — рано останала без мајка, брат ѝ загинал, а се борела и со тешка болест

Е.А.
Се вчитува....