13:39 - 13 ноември, 2026

Нешто сосема лично: Иван Босиљчиќ сподели важни вести

Популарниот српски актер и пејач Иван Босиљчиќ, откри емотивна лична приказна.

Актерот кој со години ја освојува публиката со своите брилијантни улоги и романтични музичко-поетски вечери, зачекорува во сосема нови, уште полични уметнички води. На пат кон Црна Гора, Босиљчиќ сподели емотивно видео од авион на социјалните мрежи, откривајќи ја големата вест — тој ја издава својата прва книга со наслов „Нашите приказни“.

Преку искрена и порака, актерот призна дека излегувањето пред јавноста со сопствено пишано дело носи трема каква што досега немал почувствувано на театарската сцена или пред камерите.

„Некои нешта човек со години ги пишува само за себе. А тогаш доаѓа момент тоа да го сподели со другите. Денес првпат патувам со својата книга!!! Ехеееј! Не знам дали постои поголема трема од онаа кога пред луѓето ќе изнесеш нешто што не е улога и сцена, туку нешто сосема лично“, напиша возбудениот Босиљчиќ под видеото од летот кон Тиват.

Првата средба со читателите е закажана токму за вечерва, како ексклузивна претпремиера во рамките на Саемот на книгата во Подгорица.

Босиљчиќ не ја криеше важноста на овој ден во неговиот живот, нагласувајќи дека ова е само почеток на една убава приказна и на големите средби со публиката кои допрва следуваат.

„Ова ќе биде убав и важен ден. Посакајте ми среќа!“, порача актерот на крајот од својата објава.

По безбројните отпеани и изрецитирани туѓи стихови и приказни во кои ја вложуваше својата душа, публиката сега конечно ќе има можност да го запознае Иван Босиљчиќ во неговото најискрено светло, преку неговите сопствени зборови.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....