11:13 - 13 ноември, 2026

(Фото) Ретка заедничка приказна за Адријана Алачки и Ирена Спасовска

Ретка заедничка приказна за Адријана Алачки и Ирена Спасовска, некогашното фолк-дуо е објавена на социјалните мрежи.

Фејсбук страницата „ВБУ Воскресение 2025“ објави слика од Адријана Алачки и Ирена Спасовска во периодот кога заедно со Горан Алачки беа едно од најзабележителните триа на македонската фолк естрада.

Фотографијата, која своевремено се најде и на насловната страница на легендарниот магазин „Екран“, потсетува на времето кога сцената живееше во знакот фестивалите. Со впечатливи сценски костими, Адријана и Ирена беа препознатливи лица на тогашната музичка сцена.

Фото/Фејсбук

Во комбинација со музичарот и композитор Горан Алачки, триото настапуваше на бројни фестивали и телевизиски емисии. Во тоа време, нивните настапи и фотографии често беа дел од музичките магазини и естрадните рубрики.

Објавата на „ВБУ Воскресение 2025“ предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи. Адријана и Ирена веќе не настапуваат заедно, а во една прилика рекоа дека не се скарани, туку се во коректни односи. Ирена во една прилика гостуваше во емисијата на Адријана, „Вкусот на традицијата“.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....