-1.2 C
Скопје
01:32 - 19 февруари, 2026

Јована Јеремиќ „удри“ по колешката Јована Јоксимовиќ: „Ги малтретира вработените, нека ја покаже дипломата!“

Популарната српска водителка Јована Јеремиќ јавно изнесе обвинувања за колешката од друга телевизија.

Додека многу гледачи ја сметаат водителката Јована Јоксимовиќ за конкуренција на Јована Јеремиќ, Јеремиќ сега остро реагираше на тие муабети.

Јована Јоксимовиќ, принтскрин јутјуб

– Резултатите покажуваат дека Јована Јоксимовиќ е минато, поточно таа е е плусквамперфект во српското новинарство. Помина тоа време на надобудни лидери без интегритет и без основа. Сега ќе се запрашаат „како јас немам легитимитет, како немам квалитет? Па немаш“. Прво, легитимитет во оваа работа може да добие некој што завршил сериозен факултет, а Јована не завршила сериозен факултет. Без лутење, таа нека ја покаже дипломата, јас ќе ја покажам мојата диплома, па да процениме – објасни Јована, а потоа ја обвини колешката дека е арогантна и размазена.

-Според рејтинзите, Јована одамна ги загуби тие рејтинзи, веќе не е ни во игра. Таа ароганција и дрскост, ги понижува колегите кои работат на телевизија со неа. Што се колегите од телевизија мене ми изнараскажаа, навистина е нешто што доколку го изнесам во јавноста целосно ќе и го уништам угледот и не сакам да се занимавам со тоа. Не сакам луѓе кои ги понижуваат другите за да се воздигнат самите, тоа се комплекси. Народот сака нормални луѓе и вистински ѕвезди кои му служат на народот, а не да командуваат со народот. Тоа време на лажен елитизам на кое му припаѓа Јована Јоксимовиќ со некои други колешки е одамна минато – изјави Јеремиќ за српски „Стар“.

Јована Јеремиќ ги спои сегашниот партнер, поранешниот сопруг и неговата нова девојка: Хаос „во живо“

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....