03:13 - 6 април, 2026

(Фото) Жељко Самарџиќ блеска од среќа, има ептен убава причина за тоа

Пејачот Жељко Самарџиќ никогаш не изгледал толку среќен и радосен како на овие слики кои ги објави неговата ќерка Миња.

Самарџиќ е со внуките на сликите и на видеото, како седи покрај море во Бока Которска, каде што често претстојува и си има свој мал брод.

Ќерката на пејачот Жељко Самарџиќ, Миња, во февруари оваа година го роди своето второ дете.

Оваа вест ги израдува сите членови на семејството Самарџиќ, како и нивните најблиски пријатели, кои нетрпеливо го очекуваа доаѓањето на новото бебе, петтото негово внуче.

– Добредојде мојата најмала пријателка Ленка. Најмекото суштество го роди денес мојата најдрага Миња – сподели на Инстаграм гордата мајка.

Со децении е во хармоничен брак со сопругата Маја, која често го придружува на патувањата.
-Често одам на црногорскиот брег, мојата сопруга е навикната само брзо да се спрема и да оди кога сакаме, каде сакаме.

Треба да се ужива во тоа како што му одговара на секој човек. Сакаме да менуваме локации, да патуваме слободно – изјави Жељко.

Жељко со внуките Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

(Фото) „Среќен Велигден“: Северина го прослави големиот празник со мајка си и синот Александар

Еспресо

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.
Се вчитува....