4.8 C
Скопје
21:40 - 17 февруари, 2026

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

По 10 години, Јордан Митев повторно и се врати на македонската и балканска публика во Канада. Тој како и секогаш и овие три концерти распали со своите добро познати хитови и енергијата која е добро позната и својствена само нему.

Спојот на хитови кои се пеат на сет глас и во еден здив и шармот и енергичноста и овој пат беа доволна провокација за да концертот во Торонто за сите наши Македонци во Канада и Соединетите Американски Држави беше исполнет до последно место и се бараше билет повеќе…

„Подеднакво сум возбуден пред секој еден мој настап и концерт, подеднакво сум подготвен да да дадам дел од себе, подеднакво да испеам од дното на мојата душа за мојата публика. Овој пат, во Канада кога ја видов публиката знаев дека повторно ќе го тестирам мојот максимум како многу пати до сега. Неизмерно сум среќен што бар една вечер на мојата верна публика во Канада и оние кои допатуваа од САД им ја направив посебна, а Македонија повторно поблиска во срцата, без оглед на географската оддалеченост…знаете за оваа публика вреди да се пее, пишува, да се работи, за ваква публика вреди да се живее“, изјави Митев за медиумите.

Фото: Промо

Јордан Митев на спектакуларниот концерт во Торонто, уште еднаш докажа дека е веќе докажан и почитуван музички бренд, Интересот за концертот беше огромен, дел од неговата публика патуваше повеќе од шест часови за да биде во салата и да бидат дел од незаборавната концертна вечер.. Публиката заедно со Јордан Митев пееше во еден глас, а социјалните мрежи беа преплавени со многу видеа и фотографии, како и коментари со воодушевувачки импресии од концертот во Торонто.

„Беше магично, навистина. Очекував добар концерт и енергија, ама ваков интерес, искрен контакт со публика, пеење во еден глас, взаемна енергија, едноставно посакував…среќен човек сум јас“, додава Митев.

Фото: Промо

Македонската публика пак, веќе подолго време очекува солистички концерт во Скопје. После големиот концертен спектакл во Канада, Јордан откри дека подготвува нешто ново, но за тоа дополнително ќе ја информира својата публика и медиумите. На оваа забелешка многу од гостите во Канада заклучија дека крајно време е тие да присуствуваат и на концерт на Јордан Митев во татковината и изразија надеж дека тој ќе биде што поскоро, па дружењето со Јордан Митев продолжи на општо задоволство и по концертот…

 

Слични објави

„Сите ја коментираат сличноста“: Еве што ги поврзува Теа Таировиќ и настапот на Бед Бани на Супербоул

Е.А.

Рада Манојловиќ откри: „Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

E.A.

(Фото) Толку елегантна и убава! Данијела Димитровска објави нови фотографии од венчавката

Еспресо

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

(Фото) Каква убавица: Голема радост за ќерката на Сузана Турунџиева

msp-admin
Се вчитува....