14:58 - 13 ноември, 2026

Алка Вуица ќе стане баба: Нејзиниот син Ариан и идната снаа чекаат прво дете

Пејачката Алка Вуица ќе стане баба. Нејзиниот син, музичарот Ариан Вуица, и идната снаа, сликарката Дора Шитум, чекаат прво дете.

„Еве, веста полека се шири и немаме што да криеме – чекаме бебе и едвај чекаме да дојде. Терминот е на почетокот на јули, па имаме уште време да се добро подготвиме“, изјави Дора.

Парот откри дека ќе добијат машко дете. „Сè уште не сме одлучиле за име, но ќе биде нешто посебно. Кога ќе дојде вистинското време, ќе знаеме дека е тоа“, додаде таа.

Принова во семејството е вистинска радост, а особено ќе се израдува мајката на Ариан, Алка, и мајката на Дора, Сања. „Нашето дете ќе биде многу сакано и ќе има сè на светот“, тврди Дора.

Како што Дора неодамна откри, таа и Ариан се заедно четири месеци, а од почетокот на врската знаеле дека е „тоа“.

„Ариан и јас сме доста кратко заедно. Се познаваме скоро една година, но во врска сме четири месеци. Кратко, но веднаш штом ги поминавме првите неколку часови заедно, знаевме дека е тоа ‘тоа’. И некои работи кои се случиле се необјасниви, така што сме поврзани и духовно. Покрај физичката привлечност, постои таа духовна, која за мене е многу важна, и која не сум ја почувствувала со никого друг. Најмногу ме привлекува кај него тоа што е паметен, иницијативен, креативен и исто така уметник како и јас. Ова е првпат во животот да можев со некого сè лесно да договориме“, откри Дора.

 

 

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....