6.8 C
Скопје
09:13 - 1 април, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Здрава пита за енергија за цел ден! 

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).
Овојпат шеф Бранко ни подготвува здрави оброци за подобро здравје! A за утрешниот појадок ви предлага ЗДРАВА ПИТА ЗА ЕНЕРГИЈА ЗА ЦЕЛ ДЕН. 
Потребни состојки
– 6 лажици палента
– 6 лажици просо
– 6 лажици овесно брашно
– 5 јајца
– 2 лажици маслиново масло
– 300гр. урда
– 300гр. беби спанаќ
– 200мл. јогурт
– Сол по вкус
– 3 лажици сусам
Начин на подготовка 
Во длабок сад искрешете 5 јајца. Матете ги со миксер околу 2 минути. Потоа додадете ја палентата, свареното просо и овесното брашно. Промешајте со дрвена лажица за да се изедначат состојките и да се формира густа смеса. Додадете го маслиновото масло. Потоа додадете јогурт според густината на смесата. Внимавајте да не биде водеста смесата.
На крај додадете ја урдата, беби спанаќот, солта и сусамот. Промешајте убаво.
Во тавче за печење обложено со хартија за печење истурете ја смесата.
Печете околу 20 минути на температура од 220 степени.
Комбинирајте со кисело млеко или јогурт.
Уживајте во утринскиот појадок со вашето семејство.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....