5.8 C
Скопје
02:28 - 1 април, 2026

(ФОТО) Како Габи од Македонски Брод се прости набрзина со 15 килограми

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ во пресрет на есента.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката, веганка и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма во пресрет на есента.

Елена е дипломиран инженер-технолог нутриционист, но има и бројни доедукации во областа на природната медицина, нутриционизмот и квалитет и безбедност на храна. Со еден збор, таа е нутриционист „пар екселанс“, или по „нашки“, експерт за храна без конкуренција.

А серијата што следува е „исповед“ за слабеење на некои од жените во кои Елена се вложила за да добијат фит-изглед.

Овојпат ѝ благодариме на Габи од Македонски Брод што своето искуство го сподели со нас.

приватна архива

Габи е сопственичка на ресторан и секојдневно е во искушение од најразлична храна. Но нејзината цврста воља да промени нешто во начинот на живот и исхраната ја доведе да побара стручна помош од Елена, затоа што нејзините обиди за намалување на килограмите самостојно, биле неуспешни.

Габи вели дека додека траел диетниот режим ја јадела истата храна од предходно, но дозирана и комбинирана на поинаков начин.

Габи намали 15 килограми за три месеци и многу во обем, постојано добива позитивни критики од нејзината околина што придонесува уште повеќе да се одржи на вистинскиот пат.

Ј.К.Д

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....