8.8 C
Скопје
12:24 - 1 април, 2026

(Фото) Двојна промоција на Татјана и Новица: Ќе плачам во авион кога ќе си одиме за Австралија, ова ми е како сон

Емотивна балада во која многу жени ќе се пронајдат е новата песна на фолк-пејачката Татјана Лазаревска, „Жена хероина“.

Татјана и нејзиниот сопруг Новица Василевски, неколку дена пред да заминат за Австралија, направија двојна промоција во скопскиот ресторан „Камин Кама“.

Една за баладата на Тања, друга за нивниот дует од „Охрид фест“, „Љубов ни е име“. И двата спота се снимани во Охрид на неколку места во продукција на „ИН ТВ“.

– Порано беше пракса да се прават вакви промоции, затоа и ве поканивме, да се видиме и да се подружиме, ретка прилика е да ни дојдат толку пријатели на едно место во волкав број“, рече Татјана. Откако го погледнавме спотот за баладата, таа доби три ружи, по една од синовите, Петар и Стефан, а една од сопругот Новица.

За дуетската песна, Новица  рече дека била напишана уште во Австралија, снимена е во Македонија, а на фестивалот „Охрид фест“, тие ја добија наградата од новинарското жири.

На промоцијата се обратија и авторите на песната „Жена хероина“, Орце Зафировски, Горан Момировски и Борче Димитров. Автори на дуетската песна „Љубов ми е име“ се Сехуан Секо Мемедов и нивниот колега, фолк пејачот Горан Тодоровски.

Пред да започне промоцијата, Татјана кусо ни рече дека ѝ е жал што си заминуваат следната недела.

– Сите денови овде ми беа како сон, сето ова ми е како сон. Дури кога ќе седнам во авион, знам дека ќе плачам, толку многу спомени ќе носам од изминативе недели колку што сме тука“, ни рече Татјана.

Таа на крајот од промоцијата ги покани сите на гости кај нив, во Мелбурн, и кажа дека им е најважно да бидат достојни амбасадори на македонската фолк-музика насекаде низ светот.

 

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....