13:05 - 11 април, 2026

Ешли Греам: Го сакам моето големо, силно, убаво тело (ФОТО)

Од моментот кога влезе во модната индустрија, Ешли Греам се обидуваше да ги сруши сите стигми врзани за женското тело, во тоа успеа и продолжи отворено да зборува за „body positivity“.

Манекенката која годинава стана мајка, на својот Инстаграм профил сподели гола фотографија славејќи го нејзиното „големо, силно, убаво тело“.

Греам сподели фотографија на која позира гола пред огледало, под фотографијата само напиша – „Голо големо девојче“.

Имаше секакви коментари, како и секогаш. Еден нејзин обожавател напиша  „Мразам што на ова се гледа како на „голема девојка“, не гледам ништо освен убава, природно заоблена жена… супер секси и женствено“.

„Слушам што зборуваш. Но, ако под „голема“ мислиш позитивно или љубовно, тогаш можеш да го видиш како и јас. Го сакам моето големо, силно, убаво тело“, му одговори таа.

Подоцна, моделот сподели и друга фотографија од себе, направена непосредно по породувањето, на која носеше само долна облека, доејќи го својот син.

Со оваа фотографија таа го прослави деветмесечното постоење на нејзиниот син и големата пресвртница во нејзиниот живот, заблагодарувајќи му се на тимот од болницата за нејзиното позитивно искуство со породувањето.

Греам никогаш немала проблем да споделува фотографии на социјалните мрежи од своето тело, да ги слави промените што се случуваат за време и по бременоста, постојано давајќи позитивни пораки во врска со женските тела, нешто за што многумина ја пофалија.

Слични објави

(Фото) Мора да ги видите фотографиите на Цеца Ражнатовиќ во бикини на Кипар!

Еспресо

Анѓелка Прпиќ со сопругот Марко уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

E.A.

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

(Фото) „Среќен Велигден“: Северина го прослави големиот празник со мајка си и синот Александар

Еспресо

„Носам паштета и кога летам со бизнис-класа“: Марија Шерифовиќ искрено за мајчинството и животната филозофија

К.С.

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо
Се вчитува....