00:57 - 5 април, 2026

Детали за смртта на Метју Пери: Пронајден мртов во џакузи, пред домот – неговиот татко и полиција

Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит серијата „Пријатели“, денеска е пронајден мртов во џакузито на неговиот дом во Лос Анџелес, објави TMZ.

Метју Пери вежбал два часа утрото, а потоа го испратил својот асистент на купување намирници. Кога асистентот се вратил два часа подоцна, го нашол Пери во несвест и веднаш повикал полиција и брза помош. Сепак, лекарите биле немоќни да го спасат.

Извори на ТМЗ од полицијата велат дека Пери најверојатно се удавил, но дека понатамошната истрага ќе покаже под кои околности тоа се случило. Во близина на телото не биле пронајдени наркотици и засега се верува дека смртта не била насилна.

Метју Пери се прослави благодарение на улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“ која имаше 10 сезони и 234 епизоди.

Иако „Пријатели“ беше неговиот најголем успех во актерскиот свет, Пери глумешеиводуги хит серии како што се „Boys Will Be Boys”, “Growing Pains”, Silver Spoons”, “Charles in Charge”, “Sydney”, “Beverly Hills, 90210”, “Ally McBeal” и многу други.

Метју Пери се бореше со зависноста од дрога и алкохол зад камерите. Со години бил зависник од лекови против болки, поради што бил на рехабилитација.

Актерот во своите мемоари пишуваше за најтешките периоди од својот живот, но и за минатогодишната борба со вишокот килограми.

Метју Пери никогаш не бил оженет, тој само накратко беше верен со Моли Хурвиц пред неколку години.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....