7.8 C
Скопје
21:26 - 31 март, 2026

ДАЛИ ВАКЦИНИТЕ ШТИТАТ ОД НОВИОТ КОРОНАВИРУС – ОМИКРОН: „Фајзер“ вели – треба нова прилагодена вакцина! Читајте, земајте ги предвид сите мерки!

Некои студии покажуваат намалување на ефикасноста на вакцините против Омикрон, но прерано е да се дадат дефинитивни одговори, па дури и СЗО повикува на претпазливост.

Ковид варијантата Омикрон (Omicron) лесно ги инфицира оние кои веќе се целосно вакцинирани со вакцината Фајзер (Pfizer), но изгледа дека зголемената доза на антитела, добиени од вакцината,  можат добро да заштитат од инфекцијата.

Ова е резултатот што произлегува од првите тестови спроведени од самата компанија Фајзер (Pfizer) – затоа се препорачува да се „читаат“ со сите неопходни мерки на претпазливост. Фајзер  во соопштение за печатот исто така објави дека, доколку е потребно, до март 2022 година ќе има нова вакцина прилагодена на варијантата Омикреон (Omicron).

Резултатите на фармацевтската компанија не се различни од оние на претнодно две прелиминарни студии, една јужноафриканска и една германска, кои потврдија значително намалување на заштитата од Омикрон со неколку вакцини.

Според Фајзер, кај вакцинираните лица со две дози,  заштитата на неутрализирачките антитела би била намалена за 25 пати; ова намалување, сепак, би се зголемило за истиот износ после зајакнувачката доза (трета вакцина, н.з).

Експерите  повикуваат на претпазливост.  Велат дека антителата не се единственото оружје што го има нашиот имунолошки систем за да се заштити од вирусот, и поради оваа причина значителното намалување не мора да значи недостаток на заштита и дека треба да се земат предвид и  Т-клетките со кои располага нашето тело, а кои не штитат пред се од најтешките форми на болеста и изгеда дека не се толку погодени од варијантата Омикрон, пишува научниот порал Фокус.ит.

 

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....