1.8 C
Скопје
21:46 - 18 декември, 2024

АРХЕО-ПОРНО! Ѕирнете што има внатре, се отвора „ТАЈНИОТ КАБИНЕТ“ со 250 еротски археолошки наоди! (ВИДЕО)

Националниот археолошки музеј на Неапол конечно го отвора „ТАЈНИОТ КАБИНЕТ“ кој содржи 250 еротски археолошки наоди од Помпеја и Херкуланеум – Исклучителна колекција која се цензурира повеќе пати.

На средина на август да се подружиме со Ерос. А-ха, жешко е! Ви ја отвораме, благодарение на видеото, долго забранетата музејска просторија.

Неапол повторно го отвора својот „Таен кабинет“ покажувајќи 250 еротски артефакти со висока вредност што доаѓаат главно од ископувањата во Помпеја и Херкуланеум Станува збор за исклучителна колекција која, поради нејзините карактеристики со текот на времето, постојано беше цензурирана и физички одвоена од останатите колекции.

„Тајниот кабинет“ од вчера веќе може да се посети во групи од 8 луѓе, отворен е  секој ден (освен во  вторник), од 9 до 14 часот, а можете да ја откриете еротиката која доаѓа од старите времиња во нејзините различни форми, од грубите, а сепак многу реални слики на бордели до деталните фрески со митолошки содржини…па се до богатата колекција амајлии и талисмани (сите еротски!).

фото јутјуб

Уште од самиот почеток, од многумина сметајќи дека е непристојно ТОА да се гледа, колекцијата отсекогаш била предмет на скандал. Доволно е да се каже дека во 1846 година им била прикажана само на оние малкумина кои успеале да добијат специјална дозвола, односно само на мал број дипломати и „видни“ личности.

Во 1851 година, влезната врата на Тајниот кабинет бил дури – изѕидан. На тој начин била ставена во опасност сосема да се уништи колекцијата, но за среќа, еден храбар важен човек успеал да ги убеди сите дека три клучеви ќе бидат доволни за да се избегне неовластен пристап – еден клуч за него, еден кај „контролорот“ и еден на Неговото Величество. Така, кога цензурата беше симната (заедно со многу други работи) од Гарибалди и беше откриено дека клучот на кралот исчезнал, генералот дал наредба да се заѕида вратата. Подоцна, „мерката“ малку се „олабавила“ – во текот на дваесет години, била потребна дозвола издадена од Рим за посета на Кабинетот! А тешко кој можел да ја добие.

Просторот бил повторно отворен само во 1976 година, и веднаш повторно затворен, наводно поради реставраторски работи. Речиси по триесет години „Жешката просторија“, како што понекогаш ја нарекуваат на шега, конечно била трајно отворена за јавноста дури во април 2000 година, со едно ограничување: малолетниците можат да ја посетат само ако се придружувани од член на семејството или од наставник. Но за кратко…Со ковид-пандемијата, Тајниот кабинет мораше повторно да се затвори особено поради тесните соби.

Но што е тоа што е толку „скандалозно“ во Жешката просторија? Едноставно, спектакуларни се многубројните машки полови органи претставени во ерекција кои ги карактеризираат апотропејските амајлии („фасцинум“) наменети да ги заштитат луѓето од „завидливиот поглед“ што предизвикува лоша среќа, како и еротските амајлии кои се ставале пред влезовите на куќите или продавниците за да ги заштитат луѓето од злите духови.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо

(Фото) Меган Фокс е бремена: Актерката на 38 години го очекува четвртото дете!

Еспресо

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо
Се вчитува....