Пејачката Ника Јовиќ јавно ја искритикува својата колешка Рада Манојловиќ, посочувајќи дека, според неа, Рада има сериозен проблем со начинот на облекување и дека итно ѝ е потребна стручна помош од стилист.
– Рада многу ја сакам и навистина мислам дека е прекрасна личност, но искрено – многу лошо се облекува. Навистина мора да го смени стилот или да најде некој што ќе ѝ помогне. Презгодна е и има одлична енергија, но кога понекогаш ќе ја видам како е облечена, навистина не ми е добро – изјави Ника Јовиќ за медиумите.
Рада Манојловиќ и претходно често беше мета на коментари и критики поради своите модни избори. Сепак, пејачката не крие дека не се оптоварува со туѓите мислења и отворено зборува за својот однос кон изгледот и животот.
– Генерално сум неоптоварена од животот, а особено од гардеробата. Може да ме критикуваат до последниот здив, затоа што во ова тело живеам јас и тука завршува секоја приказна. Во четири ѕида сум сама со себе и ако мене ми е убаво, никој нема право да ме обликува. Секако ќе плукаат – важно е јас да си се допаѓам себеси – истакна Рада во една од своите изјави.
Таа додаде дека низ животот оди опуштено и без големи планови, а призна и дека не е најдобра во организирањето, ниту во штедењето пари.
– Не размислувам премногу за иднината. Да штедам пари, а утре да ме удри град колку јајце – и што тогаш? Треба да се живее сега. Трошам на достава на храна, на глупости и на песни – вели пејачката.
Кога станува збор за облеката, Рада откри дека често не купува сама, туку тоа го прави нејзината сестра.
– Јас не купувам кај Кинезите, но сестра ми купува. Скоро ми рече: „Даваме по сто евра и повеќе за еден фустан, а истиот кај Кинезите чини две илјади денари“. Овој за сто евра ме критикуваат и се распаѓа по првото перење, па подобро да платам две илјади динари – искрена е Рада.
