7.8 C
Скопје
19:44 - 31 март, 2026

Ѕвездата на „Squid Game“ е првата азиска актерка на насловната страница на американски „Вог“

Актерката Хојеон Јунг можеби не победи во „Squid Game“, но несомнено ги освои срцата на многу фанови, а во меѓувреме стана првата Јужнокорејка која ја краси насловната страница на најновото американско издание на магазинот „Вог“ за февруари.

Минатата есен, пред да почне да се емитува серијата, 27-годишната Јунг имала 400.000 следбеници на Инстаграм, а денес има 23,7 милиони.

Instagram

За „Vogue“ открила дека откако почнала да се емитува серијата „нејзиниот живот целосно се променил“.

Исто така, раскажала дека брзиот пат до славата воопшто не бил лесен.

– Не знам зошто, но не можев да јадам. Бев толку збунета и сѐ беше толку хаотично што не верував што се случува, едноставно не верував – вели Јунг.

Instagram

Таа откри и дека ослабела осум килограми за кратко време, а нејзините обожаватели го забележале слабеењето кога објавила неколку фотографии на Инстаграм.

Младата актерка се присети и како секојдневно го пребарувала своето име и ги читала коментарите.

Instagram

-Дури и осум луѓе да ме пофалат, а само двајца да ми напишат нешто негативно, јас плачев сама дома. Дури и сега се борам со ниската самодоверба – призна таа за „Vogue“.

Јунг зборува и за љубовта кон Њујорк и за конечното чувство за мир по преселувањето во овој град.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....