3.8 C
Скопје
22:27 - 20 декември, 2024

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

Ноќта на вештерките е еден од најпопуларните празници во западниот свет. Настанал од келтските пагански обичаи за време на жетвата Самхаин, а бил посветен на истоименото божество.

Kелтите, кои живееле на просторите на денешна Ирска славеле Нова година на 1 ноември. Келтските пагански народи немале конкретен календар, па крајот на жетвата го сметале за симболичен крај на годината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alessandro Sagnelli (@asportraitroma)


Ноќта пред Нова година го славеле Самхаин. Се верувало дека духовите на мртвите тогаш се враќаат на земјата каде што прават проблеми и ги уништуваат посевите. За да се избркаат злите духови, Келтите облекувале страшни костими од животни.

Ноќта на вештерките најверојатно би останала локализирана, ако ирските имигранти овој празник не го пренеле во Америка во 19 век. Во Америка празникот го нарекле Халовин, а кај нас е преведен како Ноќ на вештерките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Porto Montenegro (@porto_montenegro)

Римјаните исто така ѝ давале значење на оваа ноќ, а ја сметале и за зимски мрачен период од годината. Тие во оваа ноќ ги гаснеле огновите во огништата и верувале дека мртвите доаѓаат на овој свет. За да ги избркаат мртвите, на своите прагови оставале различен зеленчук кој претходно го длабеле. Сега најчесто се длаби тиква, а тоа во поголемиот дел од светот каде што се обележува овој празник е прифатено од Американците.

Боите што се поврзуваат со овој празник се портокалова, која асоцира на тиква и црна, која се поврзува со смртта. Во многу земји меѓу кои Франција и Австралија, овој празник, е непожелен и се смета за премногу комерцијално американско влијание.

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките?

Обичајот се заснова на легендата за ковачот Џек. Тој бил познат по својата итрина, но бил и многу скржав. Една од многубројните приказни зборува за тоа како овој ковач успеал да го измами ѓаволот.

Џек му ја понудил својата душа на ѓаволот за замена за пијалак.

Според легендата, кога ѓаволот се претворил во паричка, Џек брзо го ставил во џебот покрај крстот, поради што ѓаволот не можел да се врати во својот облик. Итриот ковач го пуштил ѓаволот дури кога тој му ветил дека нема да ја бара неговата душа следните десет години.


Кога Џек умрел, поради грешниот живот не бил примен во рајот, па отишол во пеколот. Ѓаволот, како што му ветил претходно, го пратил назад, подарувајќи му парче јаглен.

Според легендата, ковачот во џебот имал репка која ја издлабил и ја ставил внатре. Оттогаш тој станал скитник, кој обидувајќи се да го најде патот до дома, оди по мрачните улици носејќи ја репката во раце и плашејќи ги луѓето околу себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SuperCucciolo® (@supercucciolo)

Како што се ширила легендата, така и приказната се менувала. Поради тоа, некои длабеле домати, некои компир, за на крајот општопризнат симбол да стане тиквата.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....