18:42 - 1 април, 2026

Зошто Чарлс Трети на погребот на кралицата остави едно место празно во првиот ред?

Стотици луѓе присуствуваа на погребот на кралицата во меморијалната капела на кралот Џорџ VI. Членови на кралското семејство, нивниот персонал и важни политички фигури присуствуваа на погребната церемонија, при што кралот Чарлс го остави празно седиштето во првиот ред симболична почит на традицијата што ја започна неговата мајка.

Седиштето мора секогаш да биде празно

Според кралскиот протокол, никој не смее да седи пред кралицата за да не и го блокира погледот, а новиот крал ќе ја продолжи оваа традиција. Капелата на кралот Џорџ VI била приватна капела на кралицата, но таа никогаш не се чувствувала удобно да седи во првиот ред.

Кралицата обично седела во вториот ред со својот сопруг, покојниот принц Филип, оставајќи празно столче во првиот ред, за, според протоколот, никој да не и го блокира погледот. Минатата година, таа беше снимена на погребот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, како седи сама во вториот ред поради тогашните ограничувања за ковид-19.

Кралот Чарлс и оддаде последна почит на покојната кралица со овој симболичен гест.

Слични објави

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....