4.8 C
Скопје
02:56 - 21 декември, 2024

Животната приказна на Фреди Меркјури, 31 години по смртта – ненадминат! Ова беше неговата последна желба

На денешен ден се сеќаваме на легендарниот Меркјури, 31 година по неговата смрт. Поради својот карактеристичен настап и исклучителните гласовни способности стана еден од највлијателните музичари на 20 век. За себе рече дека нема да биде рок-ѕвезда, туку легенда, а тоа и го постигна. Прогласен е за најголема музичка легенда на сите времиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Mercury (@freddiemercury)

Фреди Меркјури, легендарниот фронтмен на британската група Квин, се родил на 5 септември 1946 година во семејство на Парси Индуси во Стоун таун, денешна Танзанија, како Фарук Булсара. Предците му биле од персиско потекло. Неговите родители Џер и Боми Булсара биле економисти и вработени во британската колонијална служба во Занзибар. На седум години Фарук е испратен во интернат на школување во Панчгани, мало место покрај Бомбај во Индија. На училиште постигнувал одлични резултати, се истакнувал во спортот, а слободното време го минувал главно слушајќи музика. Набргу на училиште го увиделе неговиот талент за музика и Фарук почнал да посетува часови по клавир. Во средно училиште станал член на еден локален бенд, каде го добил и прекарот Фреди. Наскоро тој прекар почнуваат да го употребуваат и членовите на неговото семејство.

Со семејството се преселил во Лондон во 1964., бегајќи од револуцијата во Занзибар. Почнува да настапува со еден блуз бенд, и да студира графички дизајн. Наскоро го запознава Брајан Меј и Роџер Тејлор, кои свиреле во бендот Смајл. Фреди им се придружил, а кога во групата дошол и Џон Дикон, основана е групата Квин. Останатото е рок историја. Групата го објавила првиот албум во 1973, и уште тогаш е поздравена како една од највозбудливите групи кои се појавиле на рок-сцената. Само две години подоцна е снимен бесмртниот хит „Боемска рапсодија“, кој остана на врвот на британската топ-листа 9 недели. Тогаш наголемо се забележува и препознатливиот талент на Фреди, како и гласовните исклучителни способности. Во групата освен што пеел, свирел и на клавир, но и на други инструменти. Освен гласот, станува познат и по своите оригинални настапи, кои на групата ѝ давале посебен сјај.

Незаборавен настап со Монсерат Кабаље

Покрај работата со групата Квин, во која ќе остане до смртта, Фреди имаше и соло-кариера и неколку објавени албуми. Пред крајот на животот соработуваше со Монсерат Кабаље на снимањето на албумот Барселона, кој беше предвиден како тема за Олимписките игри во 1992, во Барселона. Неговиот долгогодишен сон да соработува со оваа оперска ѕвезда е исполнет, а песната Барселона прославена и прифатена како симбол на градот. Фреди не го дочека отворањето на Олимписките игри, а оваа песна е изведена на самиот почеток на церемонијата но Олимпискиот комитет на Шпанија ја повлече одлуката оваа песна да биде химна на ОИ.

Прогонуван од таблоидите поради бисексуалноста

Приватниот живот на Фреди Меркјури не беше познат на широката јавност во текот на неговиот живот. Не се женеше и немаше деца. По сопствено признание, беше бисексуалец. Таблоидите почнаа да го прогонуваат некаде околу 1987, кога се прочу дека неколку негови партнери умреле од сида. По направениот ХИВ-тест, во пролетта 1987 откри дека е позитивен. Оваа информација е криена од јавноста, а и на членовите од бендот не им било дозволено за тоа да зборуваат во медиумите. Шпекулациите особено станаа интензивни за време на снимањето на спотот за песната These Are The Days of Our Lives, во кој се појави Фреди видно болен и слаб. Само ден пред да умре, Фреди Меркјури одржа конференција за новинарите на која отворено ги извести за својата здравствена состојба. Умре неполни 24 часа подоцна, на 24 ноември, 1991 година, од последица на воспаление на белите дробови, кои поради сидата беа погубни за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Mercury (@freddiemercury)

Последна желба

По смртта, во согласност со верата на неговите родители, бил кремиран, по своја последна желба ја задолжил бившата свршеница Мери Остин да се погрижи за пепелта и никогаш да не ѝ каже на јавноста што направила со неа. Последниот негов партнер, со кого помина седум години, Џим Хатон, наследи дел од имотот на Фреди, а најголемиот дел, со огромниот имот, го наследи Мери Остин, а со тестаментот ги згрижи и родителите и сестрата Кашмира. Со својот тестамент го згрижи и секој член на послугата, оставајќи им по неколку десетици илјади фунти, а Мери Остин како извршител на тестаментот е задолжена и понатаму да се грижи за мачките, кои Фреди многу ги сакаше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Mercury (@freddiemercury)

Една од карактеристичните слики како светот го памти Фреди Меркјури е секако онаа од турнејата од 1986, во костим и со една подигната тупаница. Токму така изгледа и споменикот што е подигнат во Швајцарија, во местото Монтре, каде што групата купила имот и направила студио во почетокот на 80-тите. Фреди таму ги мина и последните денови од својот живот, работејќи на песните што беа постхумно објавени. Монтре стана место за собирање на неговите фанови, а секоја година во септември таму се одбележува и неговиот роденден. Инаку, бидејќи Фреди е една од најпознатите жртви на сидата, секоја година за неговиот роденден се одржуваат ширум светот и акции за собирање на пари за помош на заразените од ХИВ-вирусот. Оваа година во оваа кампања се вклучија и творците на една од најпопуларните игри, Angry Birds, во која ќе се појави Фреди како жолта птичка со карактеристичните мустаќи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Mercury (@freddiemercury)

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....