13.8 C
Скопје
20:31 - 3 октомври, 2026

Жестока кавга меѓу Марија Шерифовиќ и Вики Миљковиќ: „Оди, врати се во село!“

Многумина беа изненадени од расправијата меѓу двете пејачки.

Како и секогаш, добро познатото музичко натпреварување „Ѕвезде Гранда“ не би било интересно доколку некој од членовите на жирито не се расправа со колегите за натпреварувачите, како пеат, изгледаат и слично… Така и овојпат Марија се изнервира што Вики му „упадна во збор“ на Мили кој е исто така член на жирито:

– Мили, ти немаш поим што зборуваш… – Вики во еден момент му одбруси на Мили, поради што Марија „полуде“.

– Види, кога ќе ми кажеш дека немам поим, тоа е сосема исто како да му кажеш на Ѓоковиќ: „Ех, тој бекхендот ти е безврска“ – одговори Мили, а Шерифовиќ веднаш се вклучи во дискусијата меѓу двајцата колеги:

– Чекајте, бе, што значи ова?

– Добро, сакаш ли да ми дозволиш да кажам јас нешто? – инсистираше Вики.

– Не сакам, затоа што трескаш глупости и тоа во најмала рака е невоспитано! – ѝ одбруси Марија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)

– Оди, врати се во она твое село, носете ја таму! – жестоко додаде Марија.

Кавгата не застана тука, па Марија и Вики продолжија да се расправаат и за физичкиот изглед.

– Што значи тоа, ако си слаба дека не знаеш да пееш? Жити мајка, само ти знаеш да пееш…Нè има и нас другите кои знаеме да пееме. Си била на диета? – ја изнервира Вики Марија.

– Воглавно! Јас сум на диета затоа што имам дискус хернија, а тоа што сум дебела, зарем мислиш дека јас поради нив би слабеела? О, боже, тоа им го оставам на малку понеталентираните пејачки – изјави дрско Марија во емисијата „Ѕвезде Гранда“.

 

Слични објави

Игор Којиќ се жени за згодната Хрватка – во тајност се спрема голема прослава

Еспресо

(Фото) Прооде ќерката на Александра Пријовиќ: Малата Арија храбро чекори, гордата баба сподели фотографии од дома

Еспресо

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Еспресо

На денешен ден нè напушти Љупка Димитровска — за само два месеца ги загубила сопругот, сестрата и мајката

apostolova

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Еспресо

„Со Душко можам да се смирам за една минута“: Карлеуша проговори за поранешниот сопруг и за новиот помлад дечко

Е.А.
Се вчитува....