13.8 C
Скопје
16:52 - 28 февруари, 2026

ЖЕЉКО САМАРЏИЌ ПРОГОВОРИ ЗА БОРБАТА СО БОЛЕСТА: Од октомври сум во пензија

жељко самарџиќ

Пејачот Жељко Самарџиќ проговори за тоа како пандемијата влијаела на неговите ангажмани, но и како се справува со неа, со оглед на тоа што веќе подолго време боледува од болест на тироидната жлезда, пренесува „B92“.

Со оглед на тоа што коронавирусот не се намалува, општо е познато дека музичката индустрија е една од најпогодените од оваа пандемија. На прашањето како се бори, Самарџиќ вели:

„Навреме размислував за периодот кога поради годините ќе можам да пеам се помалку, тоа време се поклопи со пандемијата. Од октомври сум во пензија, имам пензија која ми е доволна. Јас и сопругата Маја немаме некои посебни желби. Живееме скромен живот, но достоен за сите оние кои живеат пристојно, тоа би им посакал на сите. За жал, не сум единствениот што заработил од моите концерти. Има и инструменталисти, музичари , луѓе кои се занимаваат со осветлување, кабли…“, изјави пејачот.

(ВИДЕО) ПРОСТИ АКО БАРАМ ПРЕМНОГУ: Жељко Самарџиќ со нова песна, проверете како ќе делува на вас…

Пандемијата го погодило и неговото семејство во однос на здравјето, бидејќи некои членови се заразиле.

„Се разболеа внуците, па ќерките и затовците. 14 дена беа во карантин и фала му на Бога поминаа без посериозни проблеми. Јас и Маја внимаваме малку повеќе и добро сме. Правиме што треба. Голема е тагата за оние кои нè оставија засекогаш“, вели Самарџиќ, кој со години се бори со болест на тироидната жлезда.

(ФОТО) ЖЕЉКО САМАРЏИЌ ЈА ПОКАЖА СОПРУГАТА: Убавицата ретко се појавува во јавноста

„Сега сум добро, долго време го имам овој проблем со тироидната жлезда. Редовно пијам терапија и затоа сè е под контрола. Се трудам да живеам здрав живот, да бидам на свеж воздух што е можно повеќе, па тоа не ми го отежнува секојдневието. Се прилагодувам како на годините, како и на времето во кое живееме. За жал, короната не ни оди во прилог“, истакнува Жељко, кој деновиве има причина за славење бидејќи наскоро ќе го добие своето четврто внуче.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Чолиќ ја напушти Србија откако беше фрлена бомба врз нивниот дом: Еве што прави Лара на патувањето

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ се сврши: Рале ја запроси облечен во гаќи

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо

Хороскоп за 28 февруари: Биковите треба да ги изразат чувствата, Скорпиите ги очекува добар ден за комуникација

Еспресо

Гога Секулиќ во тага за својот роденден: Пејачката се огласи, еве што порача

Еспресо

(Видео) Ава Керш се отвори за бракот со Пепи Бафтировски: Тоа беше авантура

Еспресо
Се вчитува....