03:07 - 11 ноември, 2026

Здравко Чолиќ откри со која девојка ја имал првата посериозна врска: „Тоа беше симпатија на прв поглед“

Здравко Чолиќ ретко зборува за својот приватен живот, но еднаш направи исклучок и ја изненади јавноста со искрено признание.

Имено, пејачот тогаш откри дека со години се спротивставувал на бракот, како и дека првата сериозна девојка ја запознал дури во позрелите години, што изненади многумина.

– Прилично доцна ја имав првата девојка. Првата девојка ја имав кога веќе бев зрел. Кон крајот на триесеттите, прва девојка ми беше Јасна од „Локице“ – признал Чола.

Тој раскажал и што правеле жените за да му се приближат, пишува „Курир“.

– Се обидував тоа да го избегнам колку што можев со одредено однесување. Живеев на „Загребачка“ 31 на Грбавица и таму доаѓаа екскурзии од жени и шараа по ѕидовите. Трипати го варосувавме дворот. Тоа го прикажаа во документарецот „Певам дању, певам ноћу“ – рекол тој.

Кога ја запознал својата сегашна сопруга Александра, веднаш се вљубил во неа.

– Се запознавме во Брела. Потоа тоа траеше, богами, 11 години. Некако одеше бавно и на крајот беше да се биде или не. Не е лесно да ја омажиш ќерката за естраден уметник за кого сè и сешто се зборувало и сè уште се зборува. Тоа беше симпатија на прв поглед и тоа во животот ти се случува три-четири пати – некој да ти се допадне и да сакаш да бидеш со него. Но, не е лошо кога луѓето долго се забавуваат, бидејќи тогаш се појавува нешто друго – грижата за некого – смета тој.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....