8.8 C
Скопје
19:22 - 30 март, 2026

Здравко Чолиќ со срцепарателна објава за Бора Чорба: Првата песна што ја напиша за мене беше „Продужи даље“

Се огласи легендарниот пејач по веста за смртта на Бора Ѓорѓевиќ.

Јавноста ширум регионот денеска беше шокирана од веста за смртта на музичарот Борисав Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на култната група „Рибља чорба“. Рокерот долго време се бореше со хронична опструктивна белодробна болест, поради што беше хоспитализиран во КБЦ Љубљана, каде што почина на 72-годишна возраст.

По овој повод се огласи и пејачката легенда Здравко Чолиќ, кој во емотивна објава на социјалната мрежа Инстаграм со потресни зборови се прости од покојниот рокер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravko.colic)

– Бора. Нашиот добар Бора. Голем уметник кој замина прерано. Работевме и се дружевме над 45 години. Првата песна што ја напиша за мене беше „Продужи даље“, а се сеќавам дека тоа беше всушност првата песна што ја напиша за некој друг, а не беше за неговиот бенд. Што може да се каже за неговите текстови, за неговите песни. Уметнички дела. Уметнички дела кои секогаш ќе не потсетуваат на Големиот Бора! Ти благодариме за сè! Секогаш ќе бидеш во нашите срца – напиша Чолиќ во својата емотивна објава приложувајќи стара фотографија со Ѓорѓевиќ.

Потсетуваме, според менаџерот на групата, обдукција нема да биде извршена, а Бора ќе биде погребан во родниот Чачак, како што самиот сакал.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....