18.8 C
Скопје
16:06 - 13 март, 2026

Збогум за Бо Хопкинс, миленик на Сем Пекинпа и Џорџ Лукас; починал во болница на 80 годишна возраст

Почина Бо Хопкинс, актерот со продорни очи кој се прослави како „негативец“, често во улога на крадец или „лошо момче“ кој се прослави во филмовите како  „Американски графити“, „Getaway“.
„Полноќно бегство“.

Починал во саботата на 28 мај во болницата Valley Presbyterian во Ван Најс, во регионот на Лос Анџелес, каде што бил хоспитализиран.

Веста за неговата смрт ја соопшти неговата втора сопруга, Сијан Елинор Грин, со која се ожени во 1989 година, прецизирајќи за „Холивуд репортер“ дека нејзиниот сопруг бил хоспитализиран по срцев удар на 9-ти мај.

Хопкинс беше еден од омилените актери на режисерот Сем Пекинпа, за кого глумеше во три филма – „Crazy”, „Дивиот куп“ (1969),и „Getaway” (1972). .

Неговата улога на Џо Јанг, водачот на бандата „Фараоните“ во „Американски графити“ на Џорџ Лукас (1973) го прослави како „негативец“ низ светот.

Хопкинс ја нагласи својата неверојатна способност да глуми негативец заедно со Берт Рејнолдс во филмот McKlusky (1973) на Џозеф Сарџент и како Текс, мистериозен човек кој ја означува судбината на Били Хејс (Бред Дејвис) во „Полноќно бегство“ на Алан Паркер (1978).

Сними бројни филмови меѓу ки и  „Мутант“ (1984), „Викенд во пеколот“ (1989), „Криминалецот“ (1989), „Fertilize the Blaspheming Bombshell“ (1992), „Texas Payback“ (1995) „A Crack in the Floor“ (2001) и други.

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо
Се вчитува....