14:11 - 1 април, 2026

Замина славната дизајнерка -„Мери Квант, жената која ја ослободи женската нога – ѝ должиме“

Модната дизајнерка Мери Квант, најпозната по воведувањето на мини здолниште во женската гардероба во 1960-тите, почина на 93-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Таа почина „утрово, мирно, дома во Сари (област недалеку од Лондон) во Велика Британија“, се наведува во изјавата на семејството за агенцијата PA.

Квант беше една од највлијателните личности на модната сцена во шеесетите години, кога со своите елегантни, модерни и колоритни дизајни ја направи модата подостапна за секого.

Нејзиното семејство ја нарекува „една од меѓународно најпознатите модни дизајнери на 20 век“ и „исклучителна иноваторка“.

Александра Шулман, поранешна уредничка на магазинот „Вог“, се прости од Квант на социјалните мрежи, наведувајќи дека е „лидер на модата и женското претприемништво“.

„Како визионер, таа беше многу повеќе од одлична фризура“, вели Шулман.

Венеса Фридман, модна уредничка на Њујорк тајмс, исто така се прости од дизајнерката на Твитер:
„Мери Квант, жената која ја ослободи женската нога – ѝ должиме“.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....