14:54 - 7 април, 2026

ЗАКАЖАНА СВАДБАТА НА СИНОТ НА БЕКАМ: Прескапа, ама сепак – „химна на љубовта, а не на богатството“

Британскиот модел Бруклин Бекам, син на Дејвид и Викторија Бекам, и младата актерка Никола Пелц сега се блиску до венчавка, а подготовките за венчавката течат добро. Двајцата сакаа да се венчаат пред извесно време, но церемонијата беше одложена поради пандемијата. 

Сега, според новите информации,  нивната венчавка ќе се одржи во средината на 2022 година, а според весникот Сан, церемонијата ќе се одржи на имотот на 67-годишниот татко- милијардер на невестата, Нелсон Пелц.

Меѓу познатите гости се и Џиџи Хадид, Никол Ричи и семејството Ремзи, но Елтон Џон кој требаше да биде кум на новото семејство Бруклин нема да биде присутен, зашто ќе биде зафатен со новата турнеја.

Дополнително, извор за „Сан“  изјави дека парот посветува големо внимание на деталите за свадбата и дека би сакале се да биде совршено за тој ден.

Свадбата ќе се случи во резиденцијата на таткото на Никола која може да прими голем број гости бидејќи (вредна 76 милиони долари на Палм Бич) располага со 27 спални соби.

И покрај раскошната локација и префинетоста на свадбата за која се грижат, парот изјавил дека нивната венчавка ќе биде химна на љубовта, а не на богатството.

 

Слични објави

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin
Се вчитува....