21:25 - 7 ноември, 2026

За скандалот со мито во „Ѕвезде Гранда“ се огласи и Марија Шерифовиќ: „Тоа е работа на челните луѓе на продукцијата…“

По скандалот за наводно земање мито на натпреварувачите, а од страна на менторите и членови на жирито на “Ѕвездите на Гранд“, се огласија сите членови на жирито и остро ги демантираа овие обвинувања.
Но,  Ана Бекута и Марија Шерифовиќ до денеска не ја коментираа аферата која ги тресе „Ѕвездите на Гранд“.
Од тимот на Марија сега се огласија по тој повод и истакнаа дека Шерифовиќ сигурно не се пронашла во горенаведените тврдења.
– Немаме што да се огласуваме бидејќи Поповиќ ја даде својата изјава и тоа повеќе е работа на челните луѓе на продукцијата „Гранд“, а не на неа како член на стручното жири. Апсолутно не се најде прозвана во некои коментари, секој си има свои војни и борби, затоа ништо не коментираше и нема да се огласи по ова прашање – изјави ПР-от на Марије Шерифовиќ, а пренесува „24седам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Потсетуваме, откако испадна од конкуренција кандидатот Душан, се огласи неговата мајка Ната која ја обвини Снежана Ѓуришиќ за обид за земање мито.

– Доживеав голгота, Снежана Ѓуришиќ бараше пари за мојот син да напредува во „Ѕвезде Гранда“. Ако моите деца не се како што треба, нема да ги бранам, но знаејќи дека моето дете е фино, културно и воспитано, му реков да ја слуша Снежана, која најстрашно ме повреди, рече Ната.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....