7.8 C
Скопје
02:13 - 24 септември, 2026

Време е за цреши – сојузници на здраво срце и добар сон

Покрај тоа што освојуваат со вкусот, црешите нудат и бројни здравствени придобивки благодарение на богатството од витамини, минерали и антиоксиданси. Ви ги носиме причините зошто вреди да ги вклучите во менито додека им трае сезоната.

Иако најчесто ги поврзуваме со десерти и летно уживање, црешите всушност се многу хранливо овошје. Имаат малку калории, а се богати со влакна, витамини и минерали. Во една чаша исчистени цреши има околу 97 калории, три грама влакна и вредни количини витамин Ц, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц е важен за имунитетот и здравјето на кожата, додека калиумот игра клучна улога во работата на мускулите, нервниот систем и одржувањето на нормален крвен притисок.

Нивната посебна вредност се крие во растителните соединенија што им ја даваат препознатливата црвена боја. Станува збор за полифеноли, особено антоцијанини, силни антиоксиданси кои му помагаат на организмот во борбата против оксидативниот стрес. Тој процес се поврзува со стареењето на клетките и развојот на бројни хронични болести. Токму затоа исхраната богата со овие соединенија може да има позитивен ефект врз целокупното здравје.

Помош за спортисти и сојузник на здраво срце

Благодарение на своите противвоспалителни својства, црешите се омилени и кај спортистите. Бројни истражувања покажале дека производи од цреши можат да помогнат за побрзо опоравување по интензивна физичка активност, да ја намалат болката во мускулите и да придонесат за нивна подобра функција.

Црешите се добри и за здравјето на срцето. Калиумот помага во регулирање на крвниот притисок, додека антиоксидансите ги штитат крвните садови и срцето од воспалителни процеси и оштетувања. Редовната консумација на намирници богати со полифеноли се поврзува со помал ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.

Интересно е и тоа што црешите често се споменуваат во истражувања поврзани со артритис и гихт. Нивното противвоспалително дејство може да помогне во ублажување на тегобите поврзани со воспаленија на зглобовите.

Уште една причина плус за уживање во црешите е нивното влијание врз спиењето. Содржат мелатонин, хормон кој учествува во регулирањето на циклусот на спиење и будност, па многумина токму сок од црешни го избираат како природна помош за помирен и поквалитетен сон.

Слични објави

(Видео) По 12 години си замина од „Ѕвездите на Гранд“: Еве каде се наоѓа Ана Бекута

Еспресо

(Фото) Заљубени и среќни – Вељко и Богдана Ражнатовиќ споделија емотивен момент

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и сопругот Рубин на романтично патување во Бугарија, позираа во складни комбинации

Еспресо

„Браво, љубов моја“: Анастасија Ражнатовиќ горда на Немања Гудељ, честитки стигнаа од сите страни

Еспресо

(Фото) Миа Костова проговори за тешкиот период: „Ова беше едно лето со лоши вести“

Еспресо

(Видео) Голема трансформација: Дејан Милиќевиќ ослабел 45 килограми

Еспресо
Се вчитува....