7.8 C
Скопје
07:25 - 2 април, 2026

Восхитено момче ѝ подари букет на Кејт Мидлтон, луѓето се воодушевени: „Таа е принцеза на децата“

Фотографија од четиригодишно момче кое не можеше да го сокрие задоволството кога ја запозна Кејт Мидлтон ги разнежни срцата на многу корисници на социјалните мрежи.

Кејт во вторникот го посети Велс со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, што беше нивно прво патување во земјата откако еден ден по смртта на кралицата Елизабета станаа принц и принцеза од Велс. За време на посетата на станицата за чамци за спасување RNLI Holyhead каде што се сретна со членовите на екипажот, волонтерите и другите присутни во локалната единица, принцезата имаше особено блиска средба со четиригодишното момче Тео Кромптон.

Тео со нескриена восхит ја поздрави принцезата од Велс и радосно ѝ подари мал букет. Подеднакво шармирана, Кејт ги прифати розите и се спушти за да поразговара со него, а потоа ѝ се придружи и Вилијам. Нивната средба ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

„Мислам дека сите можеме да се согласиме дека еден од најубавите моменти на денешниот настан беше средбата на Кетрин со ова мало момче. Прекрасно“, „Колку убаво. Го сакам видеото од овој момент – ентузијазмот на детето и чистата љубов кон Кетрин, новата принцеза од Велс, се гледаат на неговото лице“, „Таа е принцеза на децата“, се само дел од коментарите за преслатката средба.

Станицата за чамци за спасување, која е оддалечена само неколку километри од местото каде што некогаш живееше парот,  има добиено 70 награди за храброст за екипажот кој често се бори со бурните мориња за да им помогне на оние во неволја.

Првата официјална кралска должност на Кејт беше токму на гореспоменатата локација кога таа и Вилијам помогнаа да се лансира нов чамец за спасување на островот, два месеци пред нивната венчавка во 2011 година.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....