14.8 C
Скопје
22:07 - 28 април, 2024

Ја нарекуваа „злобната маќеа“ на Леди Ди, а со принцезата Дијана сакале тројца исти мажи: „На крајот, таа стана доверлива личност на Дијана“.

Принцезата Дијана и нејзината маќеа Рејн Спенсер имаа бурна врска, но наводно се поврзале во годините непосредно пред смртта на принцезата.

Рејн е родена на 9 септември 1929 година и била ќерка на писателката на љубовни романи и поддржувач на социјалистичката партија, Барбара Картланд. Нејзиниот татко бил Александар Мекоркудал, воен офицер и наследник на печатница, но нејзините родители се развеле и нејзината мајка се омажила за неговиот братучед Хју, со кого добила два сина.

Додека престојувала во Канада освен како одлична ученичка, била опишувана и како извонредна танчерка. Рејн се мажела три пати, а од браковите добила пет титули – леди Џералд Леге, виконтеса Луишам, грофица од Дартмут, грофица Спенсер и грофица де Шамбрун.

Токму врската со Џон Спенсер беше најинтересна за јавноста, иако се што направила претходно е подеднакво интересно.

Нејзината мајка се обидувала од Рејн да направи сè што таа не била, па така во 1947 година, по војната, му била претставена на кралот Џорџ Шести меѓу 20.000 други кандидати.

Рејн прво се омажила со Џералд Леге, наследник на грофовска титула, и во тој брак родила две деца – Вилијам во 1949 година и Руперт во 1953 година. Шарлот и Хенри се родиле повеќе од една деценија подоцна.

За среќа или со добра проценка, Рејн влегла во друштвото на принцезата Маргарет, сестра на кралицата Елизабета Втора, кое било склоно кон уживање и забави. Како повеќето привилегирани млади жени од нејзината генерација, Рејн поголемиот дел од времето го поминувала во дружење и добротворна работа, чекајќи нејзиниот сопруг да наследи нешто. Но, таа ја наследила работната етика на нејзината мајка.

По малку неугледната Картланд, која преживеала скандалозен развод, напорно работела на кариерата како колумнистка и писателка на романи за да може да ги испрати Рејн и нејзините двајца полубраќа во приватни училишта. Сепак, интелигенцијата на нејзината ќерка не ја сметала за предност. „Направи си фризура, драга. Ниту еден маж не сака паметна жена“, зборувала таа секој пат кога нејзината ќерка ќе се пофалела со некој постигнат успех во училиштето.

И покрај тоа, таа подоцна признала дека, заедно со нејзиниот сопруг сметале дека Рејн требала да направи нешто. Тоа и се случило. На 24-годишна возраст, Рејн Леге освоила место во градскиот совет на Вестминстер како конзервативка. Тогаш било тешко да се замисли што може да бара жена која има свој батлер, готвачка, собарка и дадилка од работа која вклучува донесување закони за сè, од одржување канализација до уредување паркинзи, но таа уживала во предизвикот.

Од политиката конечно се откажала откако се запознала со Ерл Спенсер во 1972 година. Како девојка од високото друштво во 50-тите и 60-тите години, Рејн била присутна во весниците и на телевизија, а многу придонела и за првиот светски самит на планетата Земја на конференцијата на ОН за животната средина која се одржала во Стокхолм во 1972 година, кога го напишала Извештајот за човековата средина.

Но, кога почнала да се појавува на насловните страници заедно со Ерл Спенсер, нејзината популарност почнала да опаѓа. Таа се омажила за таткото на принцезата во 1976 година, откако нејзината мајка Френсис Шанд Кид го напуштила. Така започнала кампањата на омраза, во која таа била претставена како „злобната маќеа на децата Спенсер“, од кои едната – Дијана – требало да се омажи за британскиот престолонаследник. Позитивните наслови биле заменети со бројни обвинувања, како оние дека Рејн ги исфрлила децата Спенсер од нивните соби и дека ги продала нивните наследства во вид на уметнички дела и антиквитети за да го реновира големиот имот.

Рејн била клучен сведок во истрагата на судскиот совет за смртта на принцезата Дијана во Кралскиот суд на правдата. Иако не биле многу блиски, тие се зближиле една година по смртта на Спенсер, кога таа веќе била во третиот брак со грофот Жан-Франсоа Пинетон де Шамбрун. Иако бракот со нејзиниот татко бил завршен, врската на Рејн со принцезата се продлабочила. „Таа ќе се јавеше и за кратко време ќе дојдеше, ќе седнеше на софата и разговаравме… Сметаше дека немам задни намери“, изјави Рејн за време на истрагата.

Дијана, нејзините браќа и сестри не ја сакале нивната маќеа и ја нарекувале „кисел дожд“, а често се случувало да скандираат „Рајн, Рејн, оди си!“

Таа не седела со Џон Спенсер на свадбата на принцезата Дијана и принцот Чарлс во 1981 година и не се појавила на балконот на Бакингемската палата по церемонијата. Се шпекулираше и дека некогаш принцезата од Велс ја турнала по скалите, пишува Daily Mail.

Во време кога Дијана се отуѓила од нејзината мајка зашто наводно се скарале поради тоа што Дијана „излегувала со муслимани“, Рејн станала главната доверлива личност и најголем поддржувач на Дијана. Двете жени, на крајот на краиштата, сакале тројца исти мажи – грофот Спенсер, кралот Чарлс и Доди Ал Фаед. Додека се соочувала со распадот на кралскиот брак, Рејн ѝ била рамо за плачење.

„Дијана секогаш велеше дека немам задни намери. Бидејќи беше толку популарна и светски позната, многу луѓе секогаш бараа нешто од неа. Тоа беше многу исцрпувачки живот”, изјави Рејн во истрагата за смртта на принцезата.

И двете ја делеле страста за хороскоп, а Рејн во текот на истрагата се пошегувала дека и двете сакале „низ вратата да влезе некој убав господин со темен тен“.

„Ве молам да направите сѐ што можете за да ја решите оваа мистерија, да го отстраните секое прикривање и да ги истражите сите можности и неможности за да им овозможите на кутрата Дијана и на кутриот Доди конечно да почиваат во мир“, Би-Би-Си го објави обраќањето на Рејн до судијата лорд Џастис Скот Бејкер.

Благодарение на Дијана и таткото на Доди, Мохамед Ал Фајед, Рејн ја добила својата последна и можеби најсреќна работа – позицијата директорка на управниот одборот и повремено продавачка во продавницата Хародс.

„Мохамед, ова е жената што треба да ја вработите, таа може да организира баш сè“, му рекла принцезата на својот пријател кога се сретнале на некоја забава на почетокот на 1996 година. „Во ред, ќе ѝ понудам работа“, одговори Ал Фајед. „Мислев дека се шегува. За среќа не беше така“, изјавила Рејн подоцна.

Таа ја искористила можноста, изградила успешна кариера и се поврзала со богати клиенти. Сакала да работи во продавница и на каса. „Таа беше особено умешна со средовечни мажи. Тие влегуваа барајќи вратоврска, а излегуваа со четири џемпери од кашмир”, изјавил еден нејзин пријател за Daily Mail.

„Иронично е што никогаш не купував во Хародс. Мојот сопруг (Ерл Спенсер) беше тој кој практично живееше таму“, изјави Рејн во една прилика.

Така, никого не изненади премногу тоа што Рејн внимателно го испланирала своето збогување со Хародс. Имено, таа неволно се откажала од својата работата кога на крајот на 2014 година се разболела од рак (за тоа знаеле само мал број луѓе). Тогаш им приредила вечера на 35 нејзини најблиски пријатели во куќата на Спенсер и на секој од нив му се заблагодарила за пријателството. Им требало некое време да сфатат дека се збогува.

„Рејн никогаш не се жалеше и не ја спомнуваше својата болест“, вели нејзиниот пријател Џулијан Фелоус. „Таа беше фокусирана на живеење во сегашниот момент. Таа дури и убеди еден пријател, Мајкл Кол, поранешен новинар на Би-Би-Си и директор за односи со јавноста за Хародс, да одржи говор на нејзината комеморација, испраќајќи му две страници во кои биле наведени нејзините достигнувања“, открива тој и додава дека Кол со тага изјавил „Никогаш повеќе нема да видиме жена како неа, таа беше целосно и апсолутно единствена“.

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....