23:03 - 11 април, 2026

ВОЈВОТКАТА ИГРА НА СИГУРНА КАРТА: Кејт Мидлтон во одлично модно издание

кејт мидлтон

Војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа во службена посета на Кралските ботанички градини „Кју“, каде што се одржа промоцијата на иницијативата на принцот Вилијам наречена „Earthshot“.

Едукативниот настан бил организиран со цел „да ги охрабри децата да создаваат одлични, смели идеи за закрепнување на планетата“. Собирот се одржа во пресрет на доделувањето на наградите „Earthshot“, кое е закажано за в недела.

Војвотката и принцот биле одлично расположени и уживале поминувајќи време со децата. Тие воедно имале прилика да учествуваат во разни активности со нив. Користеле играчки со суперхерои за да ги охрабрат да дојдат до идеи.

За оваа пригода, убавата војвотка одбрала смарагден зелен капут од модната куќа „Ердем“, а нејзините бројни обожаватели веднаш забележаа дека истиот капут го носела во јавноста и во 2016 година.

Со оглед на тоа што зелената боја оваа есен е многу популарна, а продавниците на своите полици имаат цела палета парчиња во различни нијанси на зелена боја, ова е без сомнение капут кој и по пет години повторно ќе го привлече вниманието на многумина.

Војвотката ова парче го искомбинирала со плетена маичка со кратки ракави во посветла нијанса на зелена и црни елегантни панталони со широки ногавици што особено им се допаѓа на жените затоа што имаат „супермоќ“ благодарение на фактот што визуелно ги стеснуваат нозете и ја продолжуваат фигурата.

Покрај тоа, станува збор за класика и парче кое секогаш може да се носи и кое е добро да се има во плакарот за разни пригоди, што изгледа особено добро во комбинација со чевли со високи потпетици.

Јаготката на шлагот беше изборот на фризура – распуштена брановида коса во комбинација со минимален накит, па освен часовник, носеше прстен и едноставни обетки.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....