8.8 C
Скопје
11:16 - 1 април, 2026

Во Њу Џерси почина 91-годишната мајка на Витни Хјустон: Од црковна пејачка до Греми награди

Сиси Хјустон беше црковна  од рана возраст. Таа се проби во популарната музика во 1960-тите. Има издадено неколку албуми, меѓу кои Presenting Cissy Houston, диско албумот Think It Over, како и наградуваните албуми Face to Face и He Leadeth Me.

Двократната добитничка на Греми наградата и мајка на пејачката и актерка Витни Хјустон, Сиси Хјустон, почина во Њу Џерси на 91-годишна возраст. За ова пишува Асошиетед прес.

Изданието пишува дека жената починала во својот дом,  била под постојат надзор зашто боледувала од Алцхајмерова болест. Снаата Пет Хјустон им изјави на новинарите за смртта на Сиси. Пејачката во моментот на смртта била опкружена со семејството.

„Нашите срца се исполнети со болка и тага. Ја загубивме мајката на нашето семејство“, рече Пет Хјустон.

Таа рече дека придонесот на нејзината свекрва за популарната музика и култура е неспоредлив.

„Жена со длабока вера и убедување која длабоко се грижеше за семејството, службата и заедницата. Нејзината повеќе од седумдесетгодишна кариера во музиката и забавниот свет ќе остане во првите редови на нашите срца“, рече таа.

Сиси Хјустон била црковна изведувачка уште од рана возраст. Таа се проби во популарната музика во 1960-тите. Таа има издадено неколку албуми, меѓу кои Presenting Cissy Houston, диско албумот Think It Over и добитникчкиот албум на Греми награда He Leadeth Me.

Никогаш не напуштајќи го родниот Њу Џерси и нејзините музички корени, Сиси со децении го водеше младинскиот духовен хор составен од 200 членови во баптистичката црква Њу Хоуп во Њуарк. Витни Хјустон пеела таму уште од дете.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....