16:29 - 4 април, 2026

Во Лесковац покрената кампања за собирање „хонорар“ за Јелена Карлеуша да НЕ ПЕЕ на нивниот фетсивал

Градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ, најави дека 32-та Роштиљијада ќе ја отвори пејачката Јелена Карлеуша, чиј настап ќе чини 20.000 евра.

Голем број жители на Лесковац се незадоволни од изборот на изведувачите, но и од цената на настапот, а од Движењето за Лесковац најавуваат дека ќе покренат иницијатива за наплата на целиот хонорар заедно со граѓаните и ќе ѝ понудат – да не пее во Лесковац.

Од Движењето за Лесковац (Покрет за Лесковац) посочуваат и дека Роштилијада мора да изгледа поинаку, поквалитетно и покултурно во сите сегменти, вклучително и во изборот на изведувачите. Затоа решија заедно со граѓаните да соберат 20.000 евра, да ѝ ги понудат на Карлеуша и со тоа да го спречат нејзиниот настап на 22 август на отворањето на фестивалот на скарата, објави Јужни вести.

„Покренуваме кампања за пронаоѓање на 20.000 жители на Лесковац кои се подготвени да дадат по едно, две, три или повеќе евра за да се соберат доволно средства за хонорарот што ќе и го понудиме на дотичната Дива за да пее во центарот на нашиот град“, се наведува во соопштението на ова движење.

Додаваат и дека, доколку Карлеуша го одбие нивниот „хонорар“ да не пее, ќе го дадат за хуманитарни цели во договор со жителите на Лесковац.

Минатогодишната Роштиљијада ја отвори Светлана Цеца Ражнатовиќ, а лесковци тогаш почнаа и петиција за пренасочување на парите за лекување на деца, пренесува српскиот портал вести-онлајн.

Слични објави

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо
Се вчитува....