6.8 C
Скопје
05:46 - 31 март, 2026

Внуката на принцезата Дијана објави фотографии од луксузниот меден месец во Италија

Леди Кити Спенсер, внуката на покојната принцеза Дијана пред нешто повеќе од еден месец, се омажи за 62-годишниот јужноафриканскиот мултимилионер Мајкл Луис, а двојката во моментов се уште ужива во својот меден месец.

Имено, Кити и Мајкл престојуваат во луксузен хотел во Позитано, одморалиште во Италија, каде една ноќ чини и до 3.500 фунти, пишува „Daily Mail“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by blackecwhite (@blackecwhite)

Двојката прво се пријавила во хотелот на 27 јули, три дена по раскошната венчавка во Рим.

Кити на големо воодушевување на нејзините бројни обожаватели, на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии од нејзиниот меден месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

За потсетување, Кити и Мајкл се венчаа кон крајот на јули во Рим. Неколку дена по венчавката, Кити објави фотографии од венчавката и ја покажа венчаницата што ја носеше.

Инаку, парот беше во врска од 2018 година, а се верија кон крајот на 2019. Пред врската со Мајкл Луис, Кити беше во врска со друг постар маж, магнатот Никол Баратиери ди Сан Пјетро, ​​кој ја остави во 2017 година поради актерката Лиз Харли.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....