9.8 C
Скопје
18:01 - 30 март, 2026

Влатко Миладиновски пред нов предизвик: Ќе пеам колку и да бара публиката на 28 декември

Фолк-пејачот Влатко Миладиновски е возбуден пред новиот предизвик што го очекува на 28 декември, концертот во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот.

Пејачот имаше многу успешна година, одбележана со распродадени концерти во Националната опера и балет, во Античкиот театар во Охрид и турнеја низ Австралија, Америка, Канада, Европа, Турција. Миладиновски е прв македонски фолк-пејач кој закажа концерт во нашата најголема сала.

-За првпат еден македонски изведувач на народна музика ќе одржи солистички концерт во СЦ „Борис Трајковски“-легендарна арена резервирана за најголемите имиња и најимпозантните спектакли. Тоj изведувач е Влатко Миладиноски, човекот чиј препознатлив глас со години ја носи македонската емоција низ времето, обединувајќи ја традицијата со современиот звук. Заедно со оркестарот на Златко Миладиноски, тој подготвува тричасовно музичко патување што ќе ги допре сите генерации- велат организаторите, продукција „Балканмедиа“.

Од концертот во Скопје во март со братучедот Дамјан Стојаноски (лево), син на легендата Војо Стојаноски

Организаторите додаваат дека концертот ќе биде продукција на највисоко ниво: 200 импресивна централна сцена, врвна аудио техника, преку 300 светлосни тела и ефекти, над 200 m² LEDекрани што ќе создадат посебна визуелна димензија.

-Дополнително, голема чест ќе бидат специјалните гости, со што вечерта ќе добие уште поголема уметничка тежина и ексклузивност. Возбуден сум пред концертот и подготвен да пеам со публиката колку и да треба- вели Влатко Миладиновски.

Билетите се во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и продажната мрежа на kupikarta.com

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....