09:17 - 13 ноември, 2026

Вино и поглед: Ретка слика од Здравко Чолиќ во опуштено издание

Ретка слика од Здеравко Чолиќ во опуштено издание е објавена на социјалните мрежи.

Кога на едно место ќе се спојат најголемата балканска поп-ѕвезда и еден од најплодните диригенти и аранжери во регионот, резултатот секогаш е уметност. Токму тоа го потврдува и најновата заедничка фотографија на музичката легенда Здравко Чолиќ и реномираниот маестро Федор Вртачник, снимена во прекрасниот амбиент на Сремски Карловци, Србија.

Фотографијата, која Вртачник ја сподели на социјалните мрежи со опис кој накратко го дефинира неговиот динамичен живот, „Помеѓу ноти, концерти и патувања“, ги прикажува двајцата уметници во релаксирана атмосфера покрај реката, со чаша вино.

Фото: Фејсбук

Федор Вртачник, познат како основач и диригент на култниот Новосадски биг бенд, со години е клучна фигура зад сцената во светот на регионалната музика. Неговиот раскошен талент како композитор и аранжер најсилно блесна токму во соработката со Здравко Чолиќ. Вртачник е главниот виновник и креативен ум зад грандиозните симфониски и филхармониски проекти на Чолиќ, каде што безвременските поп-хитови добија сосема нова, класична и софистицирана димензија која ја воодушеви публиката ширум Балканот.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....