17:37 - 6 ноември, 2026

(Видео) Живкица Каленикова се пошегува дека е „луда“, па на 48 години скијаше на вода

Македонската телевизиска водителка Живкица Каленикова уште еднаш покажа дека не се плаши од нови предизвици. Овојпат, 48-годишната водителка се впушти во вистинска летна авантура и ја испроба својата умешност во скијање на вода.

Каленикова сподели видео на социјалните мрежи, а пред да застане на скиите, на шеговит начин најави што следува. Таа синхронизираше популарно меме во кое се вели:

„Понекогаш, кога ќе се најдам во одредени ситуации, морам да си кажам: ‘Линда, не биди луда!’… Но, моето име не е Линда, па ќе се качам на тој воз на лудоста“.

Потоа покажа дека шегата не била случајна – на снимката може да се види како успешно се одржува на скиите и се движи по водата додека ја влече глисер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zivkica Kalenikova (@zivce)

Нејзината авантура предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи. Меѓу оние што ѝ оставија коментари и пофалби беа и неколку познати македонски имиња, меѓу кои Каролина Гочева, Ребека Јанковска-Ристески, Дадар и Милица Џаровска.

Каленикова со години е присутна на македонската телевизиска сцена, а приватно е во долгогодишен брак со Зоран Калеников. Двојката има три деца – синовите Даријан и Марко и ќерката Ана.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....