09:19 - 13 ноември, 2026

(Видео) Желка ѝ се прикраде и ја касна за задникот – Се шири хит-снимка од инфлуенсерка во танга-бикини

Синтија Бенитез очекувала незаборавно искуство додека пливала со желки во Танзанија, но не ни сонувала дека тоа ќе заврши со инцидент кој ќе стане вирален.

Травел-блогерката Синтија Бенитез за време на патувањето во Танзанија доживеала ситуација каква што сигурно не очекувала. Додека пливала со желки во лагуна и се обидувала да допре една од нив, друга желка ѝ се приближила одзади и ја каснала за задникот.

Изненадената инфлуенсерка веднаш вриснала и излегла од водата, а целиот момент бил снимен со камера. Снимката набрзо почнала да се шири на социјалните мрежи.

„Мислев дека желките се безопасни…“, напиша подоцна Бенитез.

По излегувањето од водата, таа ја покажала и последицата од неочекуваниот напад. На задникот ѝ останал црвен траг, но за среќа не претрпела посериозни повреди. Видеото привлече големо внимание и на Инстаграм собра повеќе од 300.000 прегледи.

Бројни следбеници целата ситуација ја претвориле во шега. Кога еден корисник иронично коментирал дека станува збор за „многу корисна“ информација, Синтија му одговорила:

„Никогаш не ѝ го врти грбот на желка.“

„На желката веќе ѝ е доста од пластика, па решила да ја исфрли од водата“, се пошегувал еден корисник.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....