09:03 - 13 ноември, 2026

(Фото) „На овој наш православен празник ми се промени животот“: Водителката Милена Антовска го слави 9. роденден на ќерката

Празникот Успение на Пресвета Богородица има посебно значење за Милена Антовска Станковска и нејзиното семејство. На овој голем празник е родена првата ќерка на македонската водителка, Лана Марија.

Милена пред 9 години ја доби Лана, а денеска со емотивна објава на Инстаграм го обележа овој голем ден за нејзиното семејство. Таа сподели фотографија на која позира ќерка ѝ, каде може да забележиме колку пораснало девојчето.

– Нашата прва љубов денеска полни 9 години. На овој наш православен празник во 2017-та ми се промени животот. Ти благодариме Господе. Среќен роденден Лана Марија – напиша Милена покрај фотографијата.

Милена и нејзиниот сопруг Гордан, со кој стапи во брак во 2017 година, имаат уште една ќерка. Пред 4 години, гордите родители ја добија и малата Јоана, на големиот христијански празник Василица.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....