8.8 C
Скопје
20:56 - 27 октомври, 2026

Тони Зен: Слаткаристика е најдобриот рапер во Македонија

Кој е најдобриот рапер во Македонија? Генерално секој на ова прашање би одговорил различно, но факт е дека ќе се поворуваат исти имиња од естадата. Меѓу нив  дефинитивно и името на Тони Зен, за многумина кралот на рапот.

Македонскиот рапер и продуцент Тони Петковски  познат како Тони Зен беше гостин во „Полиграф“. Одговарајќи на низа прашања поврзани со кариерата, но и со приватниот живот. Тој како и секогаш беше искрен пред камерата за многу скокотливи прашања.

На прашањето дали се смета себеси за најдобар македонски рапер, Тони одговори.

– Не се сметам себеси за најдобриот. Стакаристика е за мене најдобриот рапер во Македонија. Ако го земам фактот што знам од каде и како тој почна и по кој пат ја градеше кариерата, за мене е број 1 – рече тој.

За познавачита, љубителите на оваа музика, но и за јавноста е позната релацијата помеѓу Тони Зен и Марко Маринковиќ – Слаткар која претставува една од најважните оски во историјата на македонската хип-хоп сцена, движејќи се од блиско маалско другарство, преку големо естрадно ривалство, па сè до целосно смирување и денес меѓусебно поддржување.

Ако направиме една ретроспектива, ќе се присетиме на тоа дека и двајцата потекнуваат од скопската населба Ново Лисиче, што ги поврза уште на почетокот на нивните кариери. Својата маалска приказна ја овековечија во култната соработка „Моето маало“. Заедно работеа на песни како „Спушти се доле“ и „Сиги“, кои станаа хитови во раните 2010-ти години.

Низ годините медиумите често ги претставуваа како главни  ривали иако никогаш немале директна конфронтација или конфликт пред очите на јавноста. Долги години се држеа на дистанца, на некој начин тргнаа по различни патишта и не соработуваа. За во  октомври 2025 година да одржат голем заеднички концерт под наслов „Спушти се доле“ во преполната Арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Тогаш Тони Зен јавно му порача на Слаткар: „Те сакам, брату!“

Во периодот околу концертот ја објавија и заедничката нумера „Жими Сè“, која го запечати нивното повторно здружување на сцената.

 

 

Слични објави

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.
Се вчитува....