7.8 C
Скопје
19:56 - 31 март, 2026

(Видео) Запознајте ја првата виртуелна водителка на вести: Роботите ќе им го земат лебот на професионалците

Рен Ксиаоронг е првата виртуелна водителка на вести која работи со вештачка интелигенција, а ја претстави кинескиот државен медиум People’s Daily. Водителката чита вести во апликација со вештачка интелигенција и засега може да одговара на прашања на корисниците врзани само за годишната пленарна седница на Националниот народен конгрес и Кинеската народна политичка советодавна конференција, која се одржа неделава.

Преку апликацијата People’s Daily можете да побарате од Рен Ксиаоронг да ви каже повеќе детали за разните теми кои биле обработени во текот на двете сесии, а вклучуваат образование, превенција на епидемија, вработување, заштита на околината и уште многу други прашања.

Рен е интерактивна во многу ограничена мера. Корисниците можат да ги изберат темите за кои сакаат да дознаат повеќе, но апликацијата уште не дозволува поставување специфични прашања затоа што е програмирана да биде во склад со ставовите на кинеската комунистичка партија, па не може да очекувате некакви критички ставови.

Од друга страна, ова ни го покажува правецот во кој може да се движат ТВ вестите во идинина, односно дека еден ден главен извор на информации ќе ни станат роботите и вештачката интелигенција.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....