5.8 C
Скопје
04:53 - 1 април, 2026

(Видео) Во Турција се урна шесткатница: Зградата денес целосно се урна, како последица од земјотресот

Шесткатна зграда се урна во турскиот град Шанлиурфа, а спасувачките екипи се испратени во областа, јавува Анадолија.

Зграда во областа Халилија, која исто така беше погодена од земјотресот на 6 февруари, денеска целосно се урна.

На локацијата се испратени припадници на Управата за вонредни ситуации на Република Турција (АФАД), противпожарната бригада, медицински екипи и безбедносни сили.

Продолжува потрагата и спасувањето од урнатините, под кои има повредени.

Гувернерот на Шанлиурфа, Салих Ајхан, изјави дека едно лице е пренесено во болница по уривањето на зградата.

„Се верува дека едно лице е внатре во зградата. Едно лице е пренесено во болница со повреди кои не се опасни по живот“, рече Ајхан.

Гувернерот Салих Ајхан, градоначалникот Зејнел Абидин Бејазгул и други локални претставници ја посетија областа.

Претставникот на Шанлиурфа Азиз Ајдинлик изјави дека зградата е веќе затворена, па во неа нема луѓе.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....