21:32 - 30 октомври, 2026

(Видео) Вистински хит! Бугарската пејачка Галена сними песна за Чатџипити

Бугарската поп-фолк пејачка Галена ја објави новата песна „Чатџипити“, инспирирана од популарниот чет-бот со вештачка интелигенција. Песната беше промовирана со видеоспот на Јутјуб, како и на социјалните мрежи, каде што пејачката се пошегува дека и самата го „прашала Чатџипити“ како да го промовира новиот сингл.

Иако насловот е инспириран од вештачката интелигенција, во песната Галена пее за љубовта. Чатџипити е претставен како своевиден љубовен советник од кој пејачката бара одговори на своите емотивни дилеми, а во стиховите се споменува и терминот „промпт“.

Видеоспотот е снимен во футуристички стил и во него се појавуваат хуманоидни роботи. Во една од сцените два хуманоида се борат меѓу себе, а победникот добива романтична филмска вечер со Галена.

Песната предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што публиката го коментира необичниот спој на поп-фолк музиката и вештачката интелигенција.

 

Слични објави

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо

Анастасија и Немања со синот првпат доаѓаат во Србија: Се подготвува голема семејна прослава

Еспресо
Се вчитува....