16:52 - 6 април, 2026

(ВИДЕО) УНИСЕКС КОНДОМ: Доктор од Малезија направил кондом кој може да го користат и мажи и жени

Малезискиот гинеколог тврди дека го направил првиот унисекс кондом во светот кој може да го користат и мажи и жени

Изработен е од медицински материјал кој најчесто се користи при лекување на рани. Креаторот на кондомот се надева дека неговиот производ ќе ги поттикне луѓето повеќе да се грижат за своето здравје, без разлика на полот и сексуалната ориентација, наведува „Ројтерс“.

„Во основа тоа е обичен кондом со леплива површина што се лепи за вагината или пенисот, но ги покрива и околните области, така што имате дополнителна безбедност“, вели д-р Џон Танг Инг Чин, гинеколог.

Лепливата подлога е само на едната страна од кондомот. Секоја кутија содржи два кондоми и ќе чини 3,61 долари (приближно – 200 денари).

Лекарот користел полиуретан за овој тип на кондом, материјал кој се користи за лекување на рани, тој е тенок и флексибилен, а сепак цврст и водоотпорен. „Откако ќе го облечете, заборавете на него“, вели докторот, мислејќи на лесниот материјал.

Танг наведува дека кондомот поминал низ неколку фази на клиничко испитување и тестирање, а ќе почне да се продава овој декември.

 

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin
Се вчитува....